За маџунот се вели дека е хранлив како мајчиното млеко. Изобилува со минерали (калиум, натриум, калциум, фосфор, железо), витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, А, Д), енергетски супстанци, танини, флавоноиди, антиоксиданси, гроздов и овошен шеќер, органски киселини. Токму поради тоа, маџунот претставува вистинска ризница на хранливи состојки, кој ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје.
Се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај деца, рековалесценти, постари лица и спортисти. Помага при настинки и инфекции на респираторниот систем, психички нарушувања, прекумерна телесна тежина, запек, анемија, болести на кардиоваскуларниот систем, а посебно се препорачува кај луѓе со нарушена функција на црниот дроб заради прележана жолтица, алкохолизам, цироза и прекумерна употреба на лекови. Заради антиоксидаивните својства делува и антиканцерогено.
Маџунот претставува 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Може да се користи во секојдневната исхрана за засладување на чај, млеко, мусли или пак како прелив на торти, сладоледи и колачи. Со ова не само што ќе го подобрите вкусот на вашите омилени пијалоци и јадења, туку ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на психофизичкото здравје.
Се препорачува за мали деца, но и за возрасни и спортисти. Тој е лек кој помага при настинки, инфекции на дишните патишта, нарушена функција на хепарот поради жолтица или алкохолозам, при психички пореметувања и прекумерна тежина. Тој е 100% природен производ кој можете да го користите и како замена за шеќер.
Богат е со витамини, минерали, танини, флавоноиди и енергетски супстанци. Се добива со варење на гроздовиот сок исцеден од меленото грозје.
top of page
+389 70 253 103
ZAHARCHEV
WINERY & DISTILLERY
ден540,00Price
bottom of page