top of page

Стара Тракиска сорта на грозје Пловдина која се среќава во многу мали количини кај постари лозја и тоа ја има по 2-3 прачки во лозје. Некогаш карактеристична за просторите на Југославија, Бугарија, Унгарија, Романија и Турција во последно време е во фаза на изумирање.

Исто како сите локани сорти и пловдината се карактеризира со висока издржливос и отпорност при различни временски услови.

Грозјето од пловдина созрева во средно доцен период а самото грозје се карактеризира со бледа нијанса на дива роза.

Виното од ова грозје најдобри карактеристики дава додека е младо и свежо.

Нашата винарија е единствена винарија во Македонија која произведува вино од ова гројзе во многу лимитирана серија и истото е обожувано од луѓе со префинет вкус за вино.

  • Суво розе вино со контролирано потекло од Тиквешкото Виногорје, со изразена бледа розе нијанса на дива ружа.
  • Совршен спој од ароми на пролетни цветови, јагоди и малини, а овошните ноти се истакнуваат најмногу кога виното се консумира младо.
  • Се служи изладено на температура од 8 - 12 ºC
  • Alc 13% vol
  • Одличен избор е кога виното се комбинира со лесни и кремасти пудинзи, а главните карактеристики уште повеќе доаѓаат до израз кога се сервира со зелена салата, сармички, полнети пиперки, гравче тавче или со некои полесни јадења.

Вино Пловдина 0.75 л

SKU: 5319992186124
ден420,00Price
    bottom of page