top of page

Специфичната сорта прокупец е малку подзаборавена балканска сорта на грозје, каква што не може да се сретне на друго место. Во Македонија се одгледува на ограничени површини, најмногу во Пелагониско-Полошкиот и Пчињско-Осоговскиот регион.

Сортата зрее многу доцна, а лушпата е дебела и има темносина боја. Се одликува со добра родност и претставува приносна сорта. На прокупецот му требаат плодни и умерено влажни почви, а на слаби почви и суви терени страда од суша.

Прокупецот одгледан во добри услови дава добра основа за засилување на црвените вина. Затоа е соодветен и за спојување со други црвени вина.

Виното од прокупецот претставува одлична хармонија на боја, мирис и вкус. Има средна јачина, добро е обоено, лесно и пивко.

  • Полу-Суво црвено вино со контролирано потекло од Тиквешкото Виногорје, со изразена рубин црвена боја.
  • Освежително вино со богати овошни ароми како меѓу кои поизразени вишна и цреша и завршница од вкусови на сушено овошје меќу кои најизразена смоква и вкус на јаткасти плодови.
  • Се служи изладено на температура од 14 - 18 ºC
  • Alc 14% vol
  • Може да го пиете во придружба на лесни предјадења, тестенини и варива, но добра комбинација е со црвено месо и дивеч.

Вино Прокупец 0.75 л

SKU: 5319992186063
ден420,00Price
    bottom of page