top of page

Темјаниката е сорта грозје што нема точно утврдено и познато потекло, а се претпоставува дека потекнува од Блискиот Исток. Претставува една од најстарите и најраспросраени сорти во светот, а во Македонија е најзастапена во Тиквешијата. Сортата го добила името од изразениот мирис на темјанушка.

Темјаниката зрее при крајот на август или во почетокот на септември, на лесни и умерено влажни почви. Таа е најпогодна мускатна сорта за топли виногорја. Има среден принос. Грозјето е со дебела, црвста луша со зелено-жолта боја, на сончевата страна има ’рѓести точки. Сокот е безбоени со изразен мускатен мирис.

Од темјаниката се добиваат квалитетни и врвни суви, полусуви и десертни мускатни вина. Виното од темјаника има интензивна златно-жолта боја со зелени нијанси, а го одликува силна свежина со полн вкус што се чувствува долго. Аромите се силно мускатни и зачински, а се чувствува и вкус на кајсија, сушена слива или кора од портокал.

  • Суво бело вино со контролирано потекло од Тиквешкото Виногорје, со изразено жолто зеленкаста лимон боја.
  • Совршен спој на цветни и овошни ароми а особено изразени ароми на темјанушка.
  • Се служи изладено на температура од 10 - 12 ºC
  • Alc 12.5% vol
  • Може да го пиете во придружба на лесна храна, салати, бело месо, морска храна и десерти. Сепак, затоа што има богати ароми, може слободно да го послужите и да го пиете самостојно.

Вино Темјаника 0.75 л

SKU: 5319992186049
ден420,00Price
Quantity

КОНТАКТ

e-mail: info@zaharchev.mk

reservations: events@zaharchev.mk

Tel: +389 70 253 103

Adresse: ul. Kosovska br. 16, 1430 Kavadarci, North Macedonia

ПРИКЛУЧИ СЕ

Наполни ја чашата и зачлени се

Thanks for submitting!

ПОСЕТЕТЕНЕ

Пон - Нед: 8:00 - 22:00

winetourism.png

COPYRIGHT © 2023 ZAHARCHEV WINERY AND DISTILLERY. ALL RIGHTS RESERVED.

  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram
  • X
  • TikTok
  • LinkedIn
  • Pinterest
  • TripAdvisor
  • Threads

Испорака и Поврат

Методи на плаќање

ЧПП

Лојалност

Политика на Продавницата

bottom of page