Најважна и водечка сорта за производство на црвени вина во Македонија е вранецот. Настаната е по пат на природно вкрстување и застапена е во сите виногорја на Повардарскиот регион, а во другите виногорја ја има во помали размери. Грозјето има темноцрвена боја и најдобри резултати дава на средно плодни и умерено влажни почви.
Зборот вранец означува црн пастув, затоа вината од оваа сорта грозје асоцираат на сила и моќ. Вран исто така значи нешто што има сјајна црна боја.
- Суво црвено вино со контролирано потекло од Тиквешкото Виногорје, со интензивна потемна рубин црвена боја, богати со екстракт и обоени материи.
- На вкус е хармоничнo, со нагласен сортен мирис и со покомплексна арома што наликува на шумско овошје и дрвенести мириси, и на чоколада и ликер.
- Се служи на температура од 16 - 20 ºC.
- Alc 12.5% vol.
- Добро одговара со сите македонски јадења, како и со црвено месо, дивеч, месо на скара и чадено месо.